Солскјер: Му го нудев Халанд на Манчестер јунајтед за 4 милиони фунти, не сакаа ни да слушнат

Ерлинг Браут Халанд во минатото имал две шанси да стане член на Манчестер јунајтед, но Црвените ѓаволи одбивале да го купат норвешкиот напаѓач. Сега Халанд е веројатно најопасната деветка на светот, постави рекорд по број на голови во Премиер лигата во една сезона и игра за градскиот ривал на Јунајтед.

Легендата и екс менаџер на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, во 2018 година му беше ментор на Халанд во Молде. Оле го препозна талентот на сонародникот, па му го понудил на Јунајтед шест месеци пред тој да седне на клупата како тренер на тимот.

„Им зборував за напаѓачот кој го имаме во Моле, но не сакаа да слушнат. Цената беше 4,5 милиони евра, но не сакаа да го потпишат“ – вели Солскјер.

Затоа во Салцбург го препознаа талентот на Халанд, Норвежанецот од Молде се пресели во Австрија, а на Манчестер јунајтед му бил понуден Халанд и во времето кога играше за Салцбург, за 22 милиони евра. И тогаш одбиле.

- Оглас -

Најнови вести