Солскјер открива: Во времето на Фергусон имаше тепачки на секој тренинг

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, е пред најголемиот предизвик во тренерската кариера. „Црвените ѓаволи“ утревечер на „Олд Трафорд“ играат против Барселона во првиот меч од четвртфиналето на Лигата на шампиони. Манчестер веќе направи едно големо изненадување и го елиминираше Пари Сен Жермен, а сега ривалот е уште посилен.

Како играч, Солскјер се има радувано на трофејот во ЛШ, и тоа токму тој беше стрелец на последниот, победнички погодок во финалето против Баерн Минхен. Норвежанецот вели дека во тоа време во Манчестер владеело многу добар тимски дух, но и глад за победа, па дури и на тренинзите. Токму затоа често имало и инциденти.

„Секојдневно имаше предизвици меѓу играчите. Имаше и тепачки, но постоеше внатрешна правда која ја немаше во другите екипи. Не смееше да има играч кој нема да сака да го даде максимумот. Имавме неверојатен тимски дух. Сакам да им пренесам на играчите никогаш да не се предаваат. Тоа е единствениот начин на кој може да се подобрат. Би сакал од овој тим да направам пбедници, каков што беше тимот на Манчестер јунајтед во мое време“, вели Солскјер.

 

- Оглас -

Најнови вести