Солскјер: Ова е напредок, лани ќе се откажевме по негатива од 2-0

Избраниците на Оле Гунар Солскјер вчера избегнаа срамен пораз од Шефилд јунајтед во драматичниот натпревар од 13-тото коло во Премиер лигата. Шефилд имаше резултат од 2-0, а потоа се најде во заостаток од еден гол, па на крајот домаќините го израмнија резултатот и со 3-3 поделија по бод со Црвените ѓаволи.

Иако настапот на Манчестер беше далеку од она што го замисли Солскјер, норвешкиот стратег е задоволен од прикажаното бидејќи да се најдеа неговите фудбалери во ваква ситуација во ланската сезона, ќе се откажеа уште пред самиот крај.

„Тактиката често знае да биде во втор план во вакви натпревари. За мене дуелот беше одличен, со интересна завршница. Шефилд изгледаше како повеќе да ја сака победата, се држеа до нивниот план и за малку ќе им се оствареше. Ние пак немавме шут во првото полувреме, а тоа е неприфатливо. Сепак, во однос на минатата сезона се познаваат доста подобрувања. Да бевме во ваква ситуација лани, ќе се откажевме пред крајот на мечот и ќе примевме уште неколку гола. Тоа значи дека учиме од грешките“, истакна Солскјер.

По 13 натпревари, Јунајтед стои на деветтото место на табелата со 17 бода, односно 20 помалку од лидерот Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести