Солскјер после мечот со Арсенал, Премиер лигата ја спореди со НБА

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, после ремито од 0-0 на неговиот тим против Арсенал, беше задоволен од одбраната на неговиот тим, но разбирливо, не и од нападот.

„Одигравме добро, доминиравме во првото полувреме, имавме две огромни шанси во второто полувреме, но за несреќа не ги реализиравме. Имавме поголем посед на топката, подобри шанси, севкупно, задоволен сум од изданието на момците. Мора да работиме на подобрување на ефикасноста. Не примивме гол, освоивме бод, и сега се вртиме кон мечот со Саутхемптон веќе во вторник. За три дена повторно играме на гости, сезонава е како во НБА лигата“ – изјави Солскјер.

- Оглас -

Најнови вести