Солскјер: Следната цел е да освоиме трофеј

Манчестер јунајтед успеа да комплетира една од мисиите за оваа сезона, а тоа е тимот да се пласира во Лигата на шампиони. Црвените ѓаволи играа одлично во последниве два месеци и си најдоа место во елитното натпреварување на УЕФА. Тренерот Оле Гунар Солскјер е задоволен, но очекува сезоната да биде комплетирана со трофеј.

Англискиот гигант е дел од осминафиналето во Лигата на Европа, каде вечерва ќе го игра возвратниот меч против ЛАСК од Линц. Манчестер само формално треба да се пласира во четвртфиналето, затоа што на првиот меч во Австрија победи со 5:0 и едноставно нема шанси на „Олд Трафорд“ да ја прокоцка таа предност. За Солскјер нема дилеми околу мечот со ЛАСК, тој е фокусиран на освојување на трофејот во ЛЕ.

„Ние сме на четири меча од освојување на Лигата на Европа. Екипата преку целата сезона се развиваше. Се радуваме на освоеното трето место во Премиер лигата, но следниот наш чекор е да освоиме трофеј. Се надевам дека и играчите ќе влезат на секој нареден меч со иста желба како мене за да го освојат трофејот во ЛЕ“, рече Солскјер на онлајн прес конференцијата пред денешниот меч.

 

- Оглас -

Најнови вести