Солскјер: Со сета почит кон Бундеслигата, Санчо напрачи чекор напред во кариерата

Новото засилување на Манчестер јунајтед Џејдон Санчо, засега е трансферот на летото откако Црвените ѓаволи платија 85 милиони евра за досегашниот играч на Борусија Дортмунд. Санчо потпиша петгодишен договор со 20-кратниот англиски првак, oд него се очекува да биде идниот лидер на екипата до нови успеси.

Оле Гунар Солскјер беше пресреќен на прес-конференцијата во која му посака добредојде на Санчо, 21-годишниот англиски офанзивец кој по четири години се врати на Островот.

„Џејдон е фанстастичен офанзивец и доста креативен играч, кој со сигурност ќе донесе многу радост на нашите навивачи. Долго време го следевме неговиот напредок во Дортмунд, преселбата таму за него се покажа како вистински потег. Но, со сета почит кон Бундеслигата, Санчо направи чекор напред во кариерата, дојде во голем клуб за да освојува трофеи. Со овој трансфер ги потврдивме нашите амбиции да го нападнеме тронот во Премиер лигата, сигурен сум дека Санчо многу ќе ни помогне да ги оствариме нашите цели. Знае што се очекува од него, сепак има искуство во англискиот фудбал. Тренираше во Ватфорд и на другата страна од Манчестер, така што Санчо знае што се бара од него“, посочи Солскјер.

Санчо во летото 2017 година потпиша за Милионерите за само 8 милиони евра од редовите на Манчестер сити. За Дортмунд запиша вкупно 127 настапи со учинок од 50 гола и 64 асистенции, а освои и по еден трофеј во германскиот Куп и Суперкуп.

- Оглас -

Најнови вести