Солскјер со „ситни пари“ ќе треба да пазари во јануари

Манчестер јунајтед подготвил многу скромен буџет за претстојниот преоден рок во Европа. Според најавите, новиот тренер на „црвените ѓаволи“ Оле Гунар Солскјер ќе добие само 50 милиони фунти за трошење на нови играчи во јануари. Доколку сака да потроши повеќе пари, норвешкиот стратег ќе мора да продаде некој играч и од тие пари да купи нов фудбалер.

Солскјер денеска го одработи првиот тренинг со Манчестер, клубот во кој помина повеќе од една деценија како играч. Тој дојде на тренерското столче на местото на Жозе Мурињо, кој доби отказ поради слабите резултати. Мурињо постојано се жалеше дека нема доволно пари за да ги купи посакуваните играчи, а сега Солскјер има многу полимитиран буџет од тоа што досега го имаше Португалецот.

Манчестер моментно е на шестото место во Премиер лигата и заостанува дури 19 бодови зад лидерот Ливерпул, а има и 11 помалку од Челзи, кој е на четвртото место, последно кое води во Лигата на шампионите за следната сезона.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести