Солскјер станува минато во Манчестер јунајтед, на негово место доаѓа легенда

Времето на Оле Гунар Солскјер како тренер на Манчестер јунајтед му изминува.

Последниот неуспех против Астон Вила, како и „киксот“ против Јанг Бојс во Лигата на шампионите, го натера раководството на „ѓаволите“ да размислува за негова промена, барем ако може да им се верува на медиумите од Англија.

Како негова замена се најавува легендарниот Зинедин Зидан кој во моментов е без ангажман. Јасно е дека популарниот Зизу е многу потрофеен и подокажан во оваа професија од Норвежанецот, кој би можел полека да размислува за следен ангажман доколку не успеат да остварат позитивен резултат против Вилјареал во среда во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести