Солскјер: Вејн Руни има голема заслуга за победата над Кардиф

Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер вели дека еден од заслужите за победата над Кардиф од 5:1 е и Вејн Руни. Солскјер и Руни беа соиграчи од нападот во Манчестер и многу добро знаат како е на теренот да се освојуваат титули.

Овојпат Руни со совети му помогнал на Солскјер пред мечот со Кардиф.

„Лесно е да се игра фудбал кога имате добри играчи. Имаме сјајна група на фудбалери, кои имаат неверојатен квалитет. Работам со нив два дена и тоа веднаш го забележав. Вејн Руни ми прати неколку пораки пред мечот со Кардиф. Ми даде важни совети и веројатно и тој има заслуга за победата. Ми рече да играме вистински фудбал, да ги пуштам играчите да уживааат на теренот и едноставно да бидеме Манчестер јунајтед“, открива Солскјер.

Тимот на теренот дефинитивно личеше на Манчестер јунајтед од шампионските денови. Дека е така, потврдува и фактот дека Манчестер јунајтед за прв пат по завршување на ерата на Сер Алекс Фергусон успеа да даде пет гола на еден меч. 

- Оглас -

Најнови вести