Солскјер во 1998 направи ист фаул како оној синоќешниот на Валверде (Видео)

Прекршокот со кој Федерико Валверде го запре Алваро Мората во синоќешниот меч од финалето на Суперкупот на Шпанија од сите беше окарактеризиран како потег на мечот бидејќи спречи речиси сигурен гол. Тоа си имаше цена, Валверде доби црвен картон и нема да може да игра на следниот меч на Реал Мадрид, дербито со Севилја, но Кралскиот клуб на пенали го доби финалето, па Уругваецот беше прогласен за МВП и јунак на белите.

Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, рече дека не му се лути на Валверде бидејќи и тој да бил на негово место, би го сторил тоа. Ако не го удреше Мората, голгетерот на Атлетико веројатно ќе дадеше гол бидејќи се најде сам очи в очи со Тибо Куртоа.

Во 1998 година, актуелниот менаџер на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, на дуел против Њукасл го направи тоа што и Валверде. Норвежанецот по секој цена сакаше да го спречи противникот да даде гол и си заработи црвен картон.

Ова е спринтот со кој ОГС пред повеќе од две децении стигна навреме да фаулира и да добие црвен картон со цел да спречи примање гол:

- Оглас -

Најнови вести