Солскјер во свој стил: Па не може секој викенд да играме „фантази“ фудбал

Со триумфот на гости кај Лестер од 1-0, Манчестер јунајтед за првпат по седум години успева да победи на пет последователни гостувања во Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ останаа непоразени под водство на Оле Гунар Солскјер, кој сега брои 9 победи и едно реми во првите 10 меча како предводник на Јунајтед, но за разлика од претходните средби, овојпат не ја тресеа мрежата во повеќе наврати.

„Сметам дека одигравме одлично, особено добро се браневме во последните неколку минути кога Лестер се обидуваше да израмни. Секако знам дека можеме подобро, но не може секој викенд да играме „фантзи“ фудбал и да ја полниме мрежата на противникот. И овој 1-0 триумф ми е еднакво драг. Ми се допадна како издлегавме на теренот, се боревме еден за друг, до последен здив игравме за победа“, истакна Солскјер.

Јунајтед во следното коло фостува кај Фулам, а потоа ги очекува првиот дуел против ПСЖ (12-ти февруари) во осминафиналето од Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести