Солунските Црно-бели ги зацрнија загрепските Модри, големи победи за Вест хем и Бенфика

Бенфика, Милан, Марсеј и Вест хем се четвртфиналисти во Лигата на Европа.

Лисабонските Орли откако дома одиграа 2-2, вечерва како гости го победија Глазгов ренџерс со 1-0 и одат во следната фаза. Чеканите од Лондон со 5-0 го прегазија Фрајбург и ја надоместија негативата од 0-1 од првиот меч. Милан немаше проблем со Славија, триумфираше во Прага со 3-1, додека Марсеј беше поразен од Вилјареал со 1-3, но првиот меч во Франција го доби со 4-0.

Во Конференциската лига, четвртфиналисти се Фенербахче, ПАОК и Фиорентина, а Викторија П’лзењ и Сервет ќе играат продолженија откако за 180 минути игра на двата меча не си дадоа гол.

ПАОК на „Тумба“ го порази Динамо Загреб со 5-1 и го елиминира тимот за којшто игра Стефан Ристовски. Динамо имаше 2-0 од првиот меч на „Максимир“, но вечерва Црно-белите од Солун беа расположени и го уништија хрватскиот првак за којшто завршуваат европските настапи сезонава.

- Оглас -

Најнови вести