Солзи радосници, Депортиво конечно победи по четири месеци и тоа со гол во 95-та минута (видео)

Шпанскиот второлигаш Депортиво Ла Коруња, по пауза од четири месеци конечно успеа да запише победа во првенството. Депортиво вчера славеше со 2-1 против Тенерифе, што за нив е прв триумф по 19 нанижани натпревари без позитивен исход.

За само втората победа сезонава, домаќините мораа да се борат дури до последните моменти од дуелот, а Ноласкојаин стрелаше во петтата минута од судиското надополнување. По последниот судиски свиреж, дефанзивецот Ламброполус не можеше да ги сокрие емоциите, па во прегратка на едн од соиграчите почна да лее солзи радосници.

Депортиво по 21 коло во Ла Лига 2 стои на дното на табелата со само 15 бода.

- Оглас -

Најнови вести