Сомнителен пенал против Тотенхем во 95-та, и црвен картон за Кејн, Мурињо лут како рис (Видео)

Њукасл на гостувањето кај Тотенхем упати само еден шут кон голот на лондонскиот тим, и тоа од пенал во 95-та минута, и тој шут Калум Вилсон го претвори во гол, доволен за освојување на бод. Средбата заврши 1-1, домашните се бунеа кај судијата, а најжесток бил Хари Кејн, кој после завршувањето на мечот заработил црвен картон.

Тренерот Жозе Мурињо збесна и лут како рис замина во соблекувална. Се чека прес-конференцијата на Португалецот, кој сигурно ќе има што да каже.

Пеналот за Чавките беше досуден по прегледување на снимка. Керол и Дајер беа во воздушен дуел, топката го закачи во рака Дајер и за судиите тоа беше доволно за најстрога казна.

Погледнете ја целата ситуација:

- Оглас -

Најнови вести