Сон е опасен и како резерва, со хет-трик за 13 минути ја отвори историската книга на Тотенхем (Фото+Видео)

Јужнокорејскиот репрезентативец Хјунг-Мин Сон одигра неверојатен меч како резерва за Тотенхем против Лестер и се запиша во клупската историја на тимот од Лондон со хет-трик за само 13 минути.

Сон стрелаше трипати рафално од 73. до 87. минута и стана првиот играч на Тотенхем што постигнал хет-трик како резерва.

Премиер лигата во овој формат се игра од 1992 година, или точно 30 години, а Сон е првиот играч на Спарс со ваков подвиг.

Сон влезе во игра во 59. минута и постигна прекрасни голови во победата на Тотенхем од 6:2.

Пред него последен што постигнал хет-трик како резерва е Стивен Најсмит за Евертон против Челзи во 2015 година.

 

- Оглас -

Најнови вести