Сон едвај доби дозвола од Тотенхем да игра на ОИ, а Јужна Кореја не го повика

Сон Хеунг-мин неочекувано е изоставен од националниот тим на Јужна Кореја која ќе настапи на Олимписките игри во Токио ова лето.

Офанзивецот на Тотенхем едвај доби дозвола од клубот да го пушти на планетарниот спортски собир само за првата ѕвезда на јужнокорејскиот фудбал да биде изоставена од селекторот Ким Хак-бум.

Поради пандемијата со корона-вирусот, правилото да настапуваат играчи до 23 години се помести за една година плус и веќе познатиот услов да се повикаат тројца играчи со повеќе од 24 години. Сон има 28 години, можеше да биде еден од поискусните кои би ја воделе селекцијата на олимпискиот турнир, но тоа нема да се случи.

Иако Сон е разочаран, ова се добри вести за Петлите бидејќи еден од нивните главни играчи ќе им биде на располагање за стартот на новата сезона.

- Оглас -

Најнови вести