Сон ѝ беше настап на Олимписките игри, а загина со пад од 150 метри

Талентираната француска алпинистка Луси Дуди трагично го загуби животот додека била заедно со пријателите и се искачувале на карпи. Големата надеж беше и светска јуниорска шампионка во олимписката дисциплина булдер.

Таа била заедно со своите пријатели на карпест предел во близина на нејзиниот дом во југоисточна Франција, кога 16-годишната тинејџерка се лизнала и паднала од висина од 150 метри. Засега уште не се јасни причините за трагедијата.

„Таа беше многу перспективна млада француска спортистка. Имаше само 16 години и иднината беше пред неа. Ова е голема трагедија“, стои во соопштението на Француската федерација за брдско качување.

- Оглас -

Најнови вести