Сон избран за најдобар фудбалер во Азија по шести пат

Сон Хеунг-мин, офанзивецот на Тотенхем, по шести пат е избран за најдобар фудбалер во Азија. Јужнокореецот влезе во серија со оваа награда која му е врачена по четврти пат во низа, односно од 2014 година само еднаш не беше прогласен за најдобар.

Сон доби рекордни 286 гласа, речиси 200 повеќе од второпласираниот Сардар Азмун.

Инаку човекот кој се наметна меѓу доминацијата на Сон е Јапонецот Шинџи Оказаки, кој во 2016 година беше шампион на Англија со Лестер и ја доби наградата за најдобар азиски фудбалер.

- Оглас -

Најнови вести