Сонг објасни зошто ѕвездата на Интер доби дисциплинска лекција и многумина ќе се слогласат со селекторот (Видео)

Камерун одигра хрвабар меч и на крајот освои бод играјќи 3:3 против Србија, иако на голот на африканската репрезентација го немаше првиот голман, Андре Онана. Ѕвездата која го носи дресот на италијанскиот Интер, доби дисциплинска лекција од селекторот Ригобер Сонг и голманот беше изоставен од мечот против Србија.

Првично многумина беа збунети зошто Онана го нема, но по завршување на дуелот со Србија, селекторот на Камерун објасни дека голманот покажал недисциплина и одбил да ги следи советите од селекторот. Сонг побарал од Онана помалку да го напушта голот и шеснаесетникот и дека не му е потребно голманот да биде во улога на бек.

Овие совети на селекторот кон голманот дошле откако ја видел статистиката по мечот со Швајцарија, на која се гледа дека Онана имал вкупно 61 допир со топката, од кои дури 26 контакти биле надвор од шеснаесетникот.

Едноставно, Онана се однесувал како да е централен дефанзивец, а снимките покажуваат дека неколку пати тој толку многу излегувал надвор од својот шеснаесетник, што дури централните дефанзивци се враќале назад за да бидат блиску до голот кој останувал празен.

- Оглас -

Најнови вести