Сонце пак ќе го огрее Мајами во дербито на Флорида

Кливленд кавалирс – Бостон селтикс (НБА, 01 часот)

Бостон има два порази по ред по продолженија, а тоа што го прокоцка против Бруклин ноќеска се граничи со чудо. Имаа и предност од пет поени на малку повеќе од една минута до крајот и чиста ситуација да победат, но му дозволија пресврт и победа на ривалот.

Сега проблем ќе им бидат и повредите на клучните играчи. Џејсон тејтум нема да игра, најавено е и дека Кемба Вокер ќе биде отсутен, а на повреди се жалат и Хејворд и Браун, што е речиси комплетна прва петорка.

Кливленд има 10 порази по ред од Бостон, но Коњаниците играат многу подобро откако Бикерстаф го презеде кормилото.

И домаќините имаат големи маки со повредите на дел од кошаркарите, па ноќеска отсустни ќе бидат Томпсон, Гарланд, Ексум и Мек Кини, но тоа секако е помал хендикеп од тој на Бостон.

Клилвленд нема лоша екипа, Бостон влезе во криза и се чувствува и замор, па стигнаа и проблеми со повредите на клучните играчи, па ќе типуваме на победа на домашниот тим.

Предлог тип: 1 (2.15)

 

Детроит пистонс – Оклахома сити тандер (НБА, 01 часот)

Оклахома во вистинско време ја почувствува силата на екипите што се меѓу главните кандидати за титулата непосредно пред крајот на регуларниот дел од сезоната.

Тандер загубија катастрофално со 47 поени од Милвоки, а потоа беа декласирани со 15 поени разлика од Лос Анџелес клипрес.

Крис Пол беше незабележителен на тие два меча и машинеријата на Оклахома зариба со два порази со вкупен минус од 62 поени.

Ноќеска имаат шанса да направат пресврт, а Детроит во моментов е преслаб за Тандер. Домаќините ќе играат без првата ѕвезда Дерик Роуз, кој повторно е повреден, а одамна не играат и Грифин и Кенард, па очекуваме убедлив триумф на гостите.

Предлог тип: 2-2 (1.75)

 

Милвоки бакс – Индијана пејсерс (НБА, 01 часот)

Индијана е само една од седумтте екипи сезонава што успеа да го победи Милвоки, тим што е единствен во лигата со едноцифрен број порази.

Пред дваесеттина дена Пејсерс го изненадија тимот со најдобар биланс во НБА и славеа со 118:111. Ти-Џеј Ворен беше извонреден со 35 поени, но Индијана ноќеска ќе биде хендикепирана со отсуството на два мошне важни кошаркари.

Џереми Лемб ќе биде отустен до крајот на сезоната, а пак се повреди Виктор Оладипо. Тоа ќе биде предност за домашниот тим и Бакс се фаворити за победа, што би им донела конечни 3:1 против Индијана во меѓусебните дуели сезонава.

Се очекува триумф на Милвоки, но се чини дека границата за хендикеп е превисока за Бакс во дуел со екипа што е многу солидна и има четири победи по ред.

Предлог тип: 2 со хендикеп 13.5 поени (1.57)

 

Мајами хит – Орландо меџик (НБА, 01.30 часот)

Мајами има шанса за првпат по сезоната 2015/16 да ја добие серијата меѓусебни дуели со големиот ривал во сончевото дерби на Флорида.

Хит водат со 2:1 и играат страшно добро на домашен терен. Сезонава со биланс од 26-4 е третиот најдобар домашен тим и како што стојат работите, само ќе го подобри ефектот и по мечот со Орландо.

Атмосферата е уште подобра во таборот на Мајами по големата победа против Милвоки, а Хит се тимот што е единствен кој има две победи, без пораз против водечкиот состав во НБА-лигата.

Ноќеска ќе играат без Хиро и Леонард, но имаат широк и многу квалитетен ростер, што е подобар од тој на Меџик.

Гостите ќе играат и без еден од главните адути, Арон Гордон, кој е повреден и ќе типуваме дека ќе загуби од жешкиот Мајами.

Предлог тип: 1-1 (1.70)

 

Портланд трејлблејзерс – Вашингтон визардс (НБА, 04 часот)

Двете екипи се вистински машини за кошеви и се меѓу најефикасните во лигата. Ноќеска ќе има интересен дуел на два одлични бека, Си-Џеј Мекалум и Бредли Бил, што ветува и брза и атрактивна кошарка со многу поени во „Мода центарот“.

Кај Портланд сè уште е неизвесен настапот на Демиен Лилард, а во негово отуство моќно игра Мекалум. Во отсуство на Лилард, Си-Џеј има просек од 33,3 поени на шест меча, а на два од нив постигнуваше по 41 поен.

Во ист циклус од шест меча Бил за Вашингтон постигнуваше во просек неверојатни 41,5 поен, што е голем подвиг за најсилната лига на светот.

Тој е првиот кошаркар во клупската историја на Визардс што има серија од 19 меча на кои едноподруго постигнувач 25 или повеќе поени.

Ова е вториот и последен меѓусебен дуел сезонава на Портланд и Вашингтон, првиот го добија Блејзерс со 122:103, а ноќеска очекуваме уште поефикасен меч и победа на домаќините.

Предлог тип: 1&>238.5 поени (2.50)

 

- Оглас -

Најнови вести