Сопре и снукерот

Светското првенство во снукер кое требаше да се игра од 18 април до 4 мај во Шефилд е одложено. Коронавирусот е причина за одложување и на главниот снукер-настан, а организаторите веруваат дека Светското првенство сепак ќе може да се одржи во јули или август.

Најважниот снукер-турнир има 43-годишна традиција, а се игра во „Крусибл театарот“ во Шефилд. Актуелен бранител на тронот е Џад Трамп.

„Ова се тешки времиња за сите, но одлучни сме турнирот да се одржи. Навивачите низ целиот свет како и 144 натпреварувачи кои ќе учествуваат нестрпливо чекаат да слушнат дали ќе има Светско првенство. Правиме сè што можеме заедно со нашите партнери да се најде нов соодветен термин“, рече претседателот на Светскиот снукер, Бери Херн.

Веќе се одложени и останатите снукер-турнири, па натпреварувањето кое требаше да биде од 17 до 22 март, е презакажано за 21 јуни. Најголемиот дел од снукер-играчите се професионалци и тоа им е главен извор на средства, па токму затоа и челните лица во овој спорт се надеваат дека за брзо време ќе изнајдат начин и решение како да продолжат турнирите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести