Сопругата ми почина овој месец, а сега го „закопаа“ и мојот омилен тим

Еден од најстарите клубови во Англија, Бури, поради тешка финансиска состојба, беше принуден да згасне. Кен Клег, кој е еден од најстарите и најверните навивачи на овој клуб, откри дека овој е најтажниот месец во неговиот живот бидејќи пред неколку недели му починала сопругата, а сега згасна и неговиот омилен клуб.

„Ова требаше да биде моја 59-та сезона како го следам тимот. Имам пропуштено само два меча на домашен терен во овој период. Првиот пат бев во Канада, а вториот пат авионот ми доцнеше од Мајорка и не успеав да стигнам навреме за натпреварот“, вели 67-годишниот навивач, кој ја откри и неговата семејна трагедија. „Бев оженет 23 години, а Бари го сакав од првиот ден. Тешка е помислата дека можеби никогаш повеќе нема да дојдам на мојот омилен стадион. Сопругата Ели и јас заедно одевме на натпреварите. Дури и работевме како стјуарди. Кога таа се разболе, инсистираше да продолжам да одам на натпреварите“, вели Клег.

 

 

- Оглас -

Најнови вести