Сопругата на Михајловиќ со емотивна порака по повод неговото пуштање од болница (ФОТО)

Синиша Михајловиќ по вторпат ја победи леукемијата, а тој вчера беше пуштен од болница.

Предводникот на Болоња наскоро се враќа на работа и се очекува да го води тимот во наредните последни две кола против Џенова и Сасуоло. Неговата сопруга, Аријана Михајловиќ, напиша емотивна порака на социјалната мрежа „Инстаграм“.

„Таа насмевка… Тие очи? Се говорат“, се вели во текстот.

Аријана и Синиша имаат пет деца, а од пред неколку месеци легендарниот српски фудбалер стана и дедо.

- Оглас -

Најнови вести