Сопственик на клуб прекина прес-конференција и го побара дресот на голманот (Видео)

Екипата на Рексам после 15 години се избори за пласман во повисок ранг, а предизвика голема еуфорија помеѓу навивачите. Шоуто после победата над Борам Вуд не застана тука, луди сцени имаше и на прес-конференција во која во главна улога беше еден од сопствениците на тимот, холивудската ѕвезда Рајан Рејнолдс.

Тој во еден момент влета на прес-конференцијата и го побара дресот од голманот Фостер. Од новинарите беше запрашан дали дресот ќе заврши на некоја аукција, на што тој итро одговори:

– “Слушај, јас работам во шоу-бизнисот и често се случува да имаме тешки времиња.“ – одговор кој наиде на смеа кај присутните.

https://twitter.com/SkySports/status/1649898694769012736?s=20

- Оглас -

Најнови вести