Состави: И Чаби Алонсо и Гасперини офанзивно ќе тргнат по трофејот

Тренерите на финалистите во Лигата на Европа, Чаби Алонсо и Џанпјеро Гасперини ги објавија почетните состави со кои ќе истрчаат на „Даблин арената“.

И двајцата тренер се одлучија да тргнат офанзивно од првата минута, и Баер Леверкузен и Аталанта, ќе играат со тројца напаѓачи во тимот.

Чаби Алонсо кој брка историја, има шанса со Баер да ја заврши сезоната без пораз, не тактизираше премногу и се одлучи од првата минута да тргне со најдобриот тим.

Тој се одлучи за формација 3-4-3, одбраната ја сочинуваат Тапсоба, Тах и Станишиќ, во средниот ред се Хинкапи, Паласиос, Џака и Фримпонг, додека во нападот ќе бидат Грималдо, Вирц и Адли.

И Гасперини се одлучи за идентична формација 3-4-3. Колашинац, Хиен и Џимшити се во одбраната, Руџери, Копмајнерс, Едерсон и Запакоста се во средниот ред, а напаѓачкото трио го сочинуваат Локман, Скамака и Де Кетеларе.

- Оглас -

Најнови вести