СПАЛ не го расипа јубилејот на Роналдо, Јувентус останува лидер во Серија А

Јувентус потешко од очекувањата стигна до победа на гостувањето кај СПАЛ во дуел на првиот и последниот во Серија А. Со оваа победа, Старата дама стигна до 60 бода во 25 меча и останува лидер на табелата. без разлика на исходот на мечевите кои треба да ги играат Лацио и Интер. СПАЛ е „закован“ на дното на табелата со само 15 бодови.

Кристијано Роналдо на овој меч прослави еден редок јубилеј, а постави и еден рекорд. Португалецот го одигра 1.000 меч во сениорска конкуренција. Тој ги има носено дресовите на Спортинг, Манчестер јунајтед и Реал Мадрид и Јувентус, како и на португалската репрезентација.

Во јубилејниот дуел, Роналдо даде и гол. Погоди во првото полувреме за водство на Јувентус. Тоа беше 11-ти натпревар во низа на кој Кристијано дава гол во Серија А. Претходно во историјата на италијанското првенство тоа им успеало само уште на двајца фудбалери. 

Во вториот дел Арон Рамзи погоди за 2:0 за гостите, а СПАЛ даде почесен гол преку Петања од пенал во 69 минута.

 

- Оглас -

Најнови вести