Спалети ги откри картите за дуелот со Македонија

На една недела пред натпреварот со Македонија, селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Лучано Спалети, го објави списокот на кандидати за настап на овој меч во Рим од квалификациите за ЕП 2024.

За Италијанците мечот со Македонија е важен, затоа што со победа, би си го олесниле патот кон ЕП. Ако киксираат, би морале во последното коло на 20-ти ноември да бркаат победа против Украина на гостување во Леверкузен.

На листата на Спалети има дури 29-мина кандидати од кои четворица голмани предводени од Донарума.

Изненадување е што во нападот го нема Имобиле, а повратници се Жоржињо, Калабрија и Толои. Нови имиња се Камбиазо од Јувентус и Колпани од Монца.

- Оглас -

Најнови вести