Спалети го остави Елмас на клупата, а тоа ги налути навивачите на Наполи

Елиф Елмас ќе ја чека својата шанса од клупата на мечот против Сампдорија, кој се игра денеска, од 18:30 часот, во рамките на петтото коло од Серија А.

Ваквата одлука на тренерот Лучијано Спалети ги изнервира навивачите на Наполи, кои на социјалните мрежи пишуваат дека нашиот репрезентативец треба да биде стартер на секој натпревар, а некои од нив отидоа до таму што бараат и оставка на Спалети.

За потсетување, Елиф беше стартер на мечот со Удинезе, а неговиот тим победи со 4:0. Многу слично беше и на дербито против Јувентус, во кое Наполи славеше со 2:1.

https://twitter.com/Bon_Daldi/status/1441058637984649216

 

- Оглас -

Најнови вести