Спалети разочаран: „Што е ова, четвртфинале или групна фаза на ЕП?“

Репрезентацијата на Италија во самиот фотофиниш од квалификациите успеа да стигне до пласман на Европското првенство во Германија, откако во последното коло одигра 0-0 против Украина, што беше доволно да стигне до второто место со подобар меѓусебен дуел од Украинците.

Тоа сосема очекувано ги однесе во последниот барабан пред ждрепката, што значеше дека ќе добијат тешка група, а на крајот тоа се покажа дека ќе биде групата на смртта на следното Европското првенство заедно со Шпанија, Хрватска и Албанија.

Реакциите во италијанската јавност не стивнуваат, а селекторот Лучано Спалети е разочаран, но вели дека што е, тука е и мора да се игра.

„Италија, Шпанија, Хрватска, Албанија… Чекај, тие репрезентации се во четврт-финале или во групната фаза? Но, што е тука е. Никому нема да му биде лесно против нас, а ние мора да се трансформираме од репрезентација, која игра добро 60 или 70 минути, а потоа исчезнува и да станеме репрезентација која го одржува тоа ниво 100 минути“, вели Спалети за италијанските медиуми.

- Оглас -

Најнови вести