Спалети: Сега мораме да гледаме и зад нас

Елиф Елмас и Наполи доживеаја шокантен пораз од Специја на домашен терен.

По победата над Милан, тимот од Неапол вчеравечер важеше за апсолутен фаворит против аутсајдерот, но остана без планирани три бода.

Тренерот Лучијано Спалети смета дека сега треба да се направи добар одмор и да се анализираат грешките.

„Треба да гледаме и зад нас бидејќи имавме неколку навистина лоши натпревари во последно време.

Но, најпрвин треба да се одмориме, а потоа и да ги анализираме грешките.

Предолго ја контролиравме оваа средба и не успеавме да направиме конкретна шанса со којашто би постигнале гол.

Ни недостасува Осимен, но мораме да играме без него“, изјави тренерот на Наполи.

Тимот на македонскиот репрезентативец сега се наоѓа на третото место, имајќи еден бод повеќе од Аталанта и пет од Јувентус, со кого ќе игра на 6 јануари, кога ќе продолжат активностите во Серија А.

 

- Оглас -

Најнови вести