Спаси глава од крвнички нокаут, изнуди црвен, а потоа и самиот замина на рано туширање (видео)

Бекот на Лил Рејнилдо Мандава, за малку ќе претрпеше страшна повреда на главата по крвничкиот старт на Саша Бој. Фудбалерот на гостите во обид да ја освои топката при воздушен дуел, со копачката директно го удри Мандава во главата и доби црвен картон, а за среќа Мандава помина без последици.

Пет минути по инцидентот Лил поведе со 1-0 преку Бамба, а потоа Мандава направи глупости и самиот си заработи директно исклучување откако направи остар фаул над Рафиња, по што замина на рано туширање.

https://www.dailymotion.com/video/x7vq7p9

- Оглас -

Најнови вести