Спектакл во Нант – Хансен донесе победа за ПСЖ против Лазаров и Нант

Француското дерби во 13-тото коло помеѓу Нант и ПСЖ им припадна на „светците“ со конечни 30:29. Актуелниот шампион за нијанса беше подобар од тимот за кој настапува нашиот Кире Лазаров, па и по 13 средби, остануваат непоразени во францускиот шампионат.

Домаќините имаа предност од еден гол по првите 30 минути, а контролата на мечот ПСЖ ја презеде во последните десетина минути. На помалку од три минути до крајот, гостите имаа и предност од три гола, но Нант успеа да израмни и да ја врати неизвесноста во финишот.

Сепак, искусниот Хансен беше „џокерот“ на Раул, па со гол во последниот напад го реши дербито.

Лазаров реализираше пет гола од осум обиди, додека Николас беше најефикасен во тимот на Нант со еден гол повеќе од Македонецот. Микел Хансен 10 пати ја затресе мрежата на противникот од вкупно 12 обиди.

- Оглас -

Најнови вести