Спектакуларен меч на Сан Сиро: Интер и Аталанта одиграа „лудо“ реми (ВИДЕО)

Најинтересниот натпревар од почетокот на оваа сезона на Серија А го одиграа екипите на Интер и Аталанта.

Во мечот од петтото коло, кој заврши 2:2 видовме мајсторски голови, промашен пенал, како и гол поништен од ВАР.

Најпрвин Интер поведе со мајсторскиот гол на Лаутаро Мартинез во петтата, додека гостите направија комплетен пресврт до крајот на полувремето преку Руслан Малиновски и Рафаел Толои.

https://www.youtube.com/watch?v=6sLFK3dGg8k

Вториот дел ни донесе еден погодок и тоа на Един Џеко во 71. минута а потоа следеше вистинска драма. „Нероаѕурите“ преку Федерико ди Марко во 85. минута не успеаја да поведат, откако играчот ја погоди само пречката по изведениот пенал.

Само неколку моменти подоцна, Аталанта се радуваше на гол постигнат од Пиколи, сепак, по неколку минутно прегледување на ВАР, истиот беше поништен, а со тоа беше воедно и поставен конечниот резултат.

Со оваа поделба на бодовите, Интер сега дојде до бројката од 14 и е на третата позиција, додека Аталанта има 11 бода и е петтопласирана.

 

- Оглас -

Најнови вести