Спектакуларен меч за трето место на Копа Америка, фрчеа проектили на сите страни (Видео)

Колумбија го победи Перу со 3-2 во супер интересниот меч за трето место на Копа Америка, и ова е одлична најава за финалето помеѓу Бразил и Аргентина кое се игра вечерва во 2 часот по полноќ. Бронзата на популарните Кафетероси им ја донесе фудбалерот на Порто, Луис Дијас, со прекрасен гол од 25 метри во четвртата минута од судиското продолжение.

Дијас беше двоен стрелец. Перу водеше со 1-0 по првото полувреме, а Квадрадо изедначи од слободен удар во 49-та и го најави пресвртот. Дијас во средина на второто полувреме погоди за 2-1, Лападула изедначи на 82-ра, а Дијас го одлучи победникот во 94-та минута. Сите три гола на Колумбија беа постигнати со шутеви од надвор од 16-никот.

Перуанците беа финалисти на Копа Америка во 2019 година, но не го повторија успехот, додека Колумбија е трета на две од последните три првенства на Јужна Америка.

Ова е голот на Дијас вреден бронза, со кој тој лично се изедначи со Меси по бројот на голови на Копа Америка 2021:

- Оглас -

Најнови вести