Спектакуларна најава Меси против Барди – Уметниците за слободни удари на мегдан во Валенсија

Лионел Меси против Енис Барди, двајцата уметници за слободни удари ќе бидат на спротивните страни во недела, на мегдан во меч од шпанската Ла Лига во Валенсија.

Леванте ќе ѝ биде домаќин на Барселона, а шпанските медиуми во фокусот ги имаат двајцата волшебници за слободни удари.

„Лионел Меси има постигнато 19 голови од слободен удар од 2014 година, но Енис Барди е поефектен, иако има 6 голови од прекин. Македонскиот репрезентативец има многу помалку удари од Меси. Ќе биде интересно да се следи нивниот дуел, особено при прекините“, пишуваат новинарите на Еldesmarque.

Меси дури сам има повеќе голови од слободен удар од повеќето тимови во Европа, а Барди е со најдобар ефект на Стариот Континент.

Леванте ќе ѝ биде домаќин на Барселона во недела од 20.45 часот, а двете екипи одиграа незаборавен меч во ланското првенство во Шпанија. Леванте тогаш го победи гигантот со 5-4, Барди постигна два гола, а Меси не играше за гостите.

- Оглас -

Најнови вести