Спектакуларна презентација на „Рамон Санчес Писхуан“ (видео)

Севилја го претстави Иско Аларкон, големото засилување кое дојде од Реал Мадрид со реноме на петкратен европски шампион.

Искусниот офанзивен играч за врска потпиша тригодишен договор со Андалузијците, а денес повеќе од 10.000 фанови го пречекаа на стадионот „Рамон Санчес Писхуан“. Трибините еруптираа кога Шпанецот се појави на зелениот тепих, по што ечеше клупската химна, а Иско следеше воодушевено.

https://twitter.com/SevillaFC/status/1557643504087621633

Инаку, Иско нема утре да дебитира на отворањето на новата сезона во Ла Лига, ќе го пропушти гостувањето кај Осасуна, но ќе има прилика да заигра како ѕвезда на Севилја веќе во следното коло против Валјадолид.

- Оглас -

Најнови вести