Спектакл на 10-годишнината на Аква паркот во Пробиштип со балканската дива Цеца Ражнатовиќ

Ова лето Аква Парк Пробиштип ќе го одбележи својот јубилеј – 10 години АКВА ПАРК ПРОБИШТИП, со спектакуларен концерт на најголемата балканска ѕвезда, дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Аква паркот за првпат ги отвори своите врати за посетители на 20 август 2011 година и за кратко време успеа да стане актуелно собиралиште што ја редефинира колективната забавна содржина, урбано обележје што понуди одново заживување на градот Пробиштип, кој со децении беше во мирување.

На 21 август, Аква парк Пробиштип го прославува својот десетти роденден со концерт на балканската поп-фолк дива Цеца, а ќе настапат Јоце Панов и Ѓоко Јовиќ со Енерџи бенд. Најавено е целовечерно музичко шоу со најголемите балкански хитови и многу изненадувања.

Аква Парк Пробиштип од своето спектакуларно отворање со Пол Ван Дајк, организираше бројни настани, од водени лудории до чоколаден базен, пена парти и музички концерти и забави на најпопуларните балкански музички имиња од земјава и странство.

Аква паркот се простира во подножјето на Осоговските планини, на површина од 18 000 м2. Нуди широкиот спектар на атракции на вода, надополнет со терен за одбојка, забавни содржини за најмладите, ресторани и барови за сечиј вкус, продавница за сувенири.

Билетите и резервациите ќе бидат пуштени во продажба од 4 јули во 10 часот преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, White Horse Skopje и на билетарата на Аква паркот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести