Спектакуларно – девојче од 12 години даде гол од корнер (Видео)

На натпреварот помеѓу Атлетико Мадрид и Бетис за девојчиња до 12 години, фудбалерката на „јорганџиите“, Даниела Мињамбрес, постигна гол каков што ретко се постигнува и во машкиот сениорски фудбал.

Мињамбрес која го носи дресот на Атлетико со бројот 6 на грбот, изведе корнер, сите очекуваа таа да нафрли, но Даниела ги изненади и топката ја упати кон внатрепната страна од подалечната статива, а за нејзина среќа, погоди токкму таму каде што гаѓаше и топката од стативата се одби во голот и ја затресе мрежата на противничкиот тим за водство на Атлетико од 1-0 во таа 13-та минута.

Поглднете го голот на 12-годишната Мињамбрес која можеби е идна ѕвезда на женскиот фудбал:

https://www.youtube.com/watch?v=S7VLG8lZdeA

- Оглас -

Најнови вести