Спектакуларно: Повеќе од 40.000 навивачи го пречекаа Дани Алвес (Видео)

Најтрофејниот фудбалер во историјата, го облече дресот на Сао Пауло и предизвика вистинско лудило кај навивачите на овој бразилски клуб. Повеќе од 40.000 фанови беа на стадионот „Мурумби“ за да го поздрават 36-годишниот десен бек, кој потпиша тригодишен договор.

Алвес се враќа во Бразил по дури 17 години поминати во Европа. Играше за Севилја, Барселона, Јувентус и Пари Сен Жермен и ги освои сите најзначајни трофеи. Во кариерата, Алвес има вкупно 40 титули од разни натпреварувања.

„Не дојдов тука за да ја завршам кариерата, туку за да одработам како што треба. Уште имам неисполенти цели, а тука дојдов за да испишам историја“, рече Алвес на преставувањето и предизвика еуфорија меѓу навивачите.

https://twitter.com/sporkolikorg/status/1159012609858949121

 

- Оглас -

Најнови вести