Специја загуби со минимални 0-1 против Фрозиноне, но и покрај тоа, за првпат во клупската историја избори пласман во Серија А. Специја се приклучува на елитата заедно со Беневенто и Кротоне и од следната сезона ќе настапуваат во Калчо лигата.
Гостите ја анулираа негативата од 0-1 од првата средба, меѓутоа за пласман во Серија А им беше потребен уште еден гол. Специја поради подобар пласман на табелата во регуларниот дел од сезоната доби предност и влезе во елитата.
Специја заврши на третото место со 61 бод, Фрозиноне како осмопласиран со 54 бода влезе во разигрувањата.