Специјал на Sport Life за дуелот Реал – Сити: Сè се врти околу Бензема и Халанд во судирот на титаните

Sport Life подготви специјален сингл со доста различни игри за обложувачите за мегапресметката во полуфиналето во Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Манчестер сити.

Ова претставува реприза од минатогодинешното полуфинале кое по продолженијата му припадна на Реал Мадрид, кој потоа во финалето совлада уште еден англиски тим, Ливерпул (1:0) и по 14-ти пат ја стана европски шампион.

На двете пресметки минатата сезона беа постигнати десет гола во регуларниот дел, и еден во продолженијата, првиот меч заврши со триумф на Сити од 4:3, а во реваншот на „Сантијаго Бернабеу“, Реал со два гола на Родриго во последните моменти дојде до победа од 2:1, а во продолженијата, Карим Бензема постигна гол и го однесе својот тим во финалето.

Кралевите и годинава играат одлично во ЛШ, на патот до полуфиналето, елиминираа два англиски тима, Ливерпул (5:2,1:0) и Челси (2:0,2:0), но вечерва за противник го имаат најскапиот тим во светот на фудбалот. Сити во нокаут-фазата пак елиминира два германски тима, Лајпциг (1:1,7:0) и Баерн Минхен (3:0,1:1).

Според квотите, Манчестер сити е благ фаворит коефициентот за триумф на Граѓаните изнесува 2,27, додека тој за победа на Реал е 3,30 иако натпреварот се игра на „Сантијаго Бернабеу“.

На теренот, во фокусот ќе бидат напаѓачите на двата тима, Карим Бензема кој е најдобар кога е најпотребно и Ерлинг Халанд кој сезонава ги собори сите голгетерски рекорди во Премиер лигата.

Токму Халанд е фаворит да го постигне првиот гол на натпреварот (3,80), а има и најмала квота за да се запише во листата на стрелци (1,90). Кај Бензема, квотите се 5,50 да го постигне првиот гол, а 2,30 да ја затресе мрежата на Едерсон.

Одлични се квотите за херојот од минатогодинешниот дуел, Родриго, повторно да ја затресе мрежата на Граѓаните. Квотата за Бразилецот да го отвори резултатот е 11,00, а таа за да постигне гол е 4,00. Голема опасност за голот на Едерсон ќе претставуваат и Винисиус Жуниор како и Марко Асенсио.

Кај Граѓаните сè се врти околу Халанд, но тренерот Пеп Гвардиола има и други адути како Хулијан Алварес, Ријад Марез, Фил Фоден, Кевин де Брујне.

Со специјалниот сингл може да се обложите кој тим прв или последен ќе изведе корнер, кој тим прв ќе добие жолт картон, прв црвен картон, кој тим прв ќе изведе пенал, кој ќе ја направи првата замена, а тука се и игрите со број на корнери во текот на средбата и во кој интервал од 10 минути ќе се постигне првиот погодок.

- Оглас -

Најнови вести