Специјален сингл: На последните две Ел Класика резултатот беше отворан со автогол и квотата е одлична и вечерва да се случи тоа

Sport Life подготви специјален сингл со доста различни игри за обложувачите за најголемото фудбалско дерби на светот, Ел Класико.

Барселона и Реал Мадрид вечерва по петти пат ќе играат сезонава, овој пат тоа е реванш-натпревар од полуфиналето во шпанскиот Кралски куп. Првиот натпревар заврши со минимален триумф на Барселона, која е благ фаворит вечерва и квотата за триумф изнесува 2.30, додека таа за победа на Кралевите е 3.20.

Со специјалниот сингл може да се погодува победникот и да се игра кој ќе го постигне првиот гол, кој играч ќе даде гол на натпреварот и тука се знае кој е адутот на двата тима, Роберт Левандовски кај Барселона и Карим Бензема кај Реал Мадрид.
Квотата за Левандовски да го постигне првиот гол на натпреварот изнесува 4.00, а 2.05 е за да се запише во листата на стрелци. Квотите за Бензема се малку поголеми, 5.50 е да го отвори резултатот, а 2.50 е да го матира Марк-Андре тер Штеген.

Според квотите, голови може да се очекуваат и од Рафиња, Ансу Фати, Феран Торес, Педри кај Барселона и од Винисиус Жуниор, Марко Асенсио, Родриго кај Реал Мадрид.
Интересно е што на последните два меча, резултатот беше отворен со автогол. Првиот полуфинален дуел кој се играше пред еден месец беше решен со автоголот на Едер Милитао. Потоа Барселона и Реал Мадрид играа во рамките на Ла Лига, славеше каталонскиот тим со 2:1, а резултатот го отвори Роналд Араухо, кој во деветтата минута си ја затресе сопствената мрежа.
Квотата дека и вечерва ќе има автогол изнесува 7.00, а 16.00 е квотата на овој начин да биде отворен резултатот.

Може да се обложите кој тим прв или последен ќе изведе корнер, кој тим прв ќе добие жолт картон, прв црвен картон, кој тим прв ќе изведе пенал, кој ќе ја направи првата замена, а тука се и игрите со број на корнери во текот на средбата и во кој интервал од 10 минути ќе се постигне првиот погодок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести