Специјален сингл на Sport Life: Халанд е главна опасност за Топчиите

Викендов во Англија нема да има премиерлигашки фудбал, ќе се играат натпревари во ФА купот, а дербито ќе се игра на стадионот „Етихад“, каде што ќе се сретнат двете најдобри екипи сезонава, Манчестер сити и Арсенал, и Sport Life подготви специјален сингл од овој натпревар со различни игри за сечиј вкус на обложувачите.

Арсенал е лидер во Премиер лигата, но вечерва фаворитската улога ја имаат Граѓаните, а квотата за триумф над Топчиите изнесува 1.85.
Со специјалниот сингл може да се погодува победникот и да се игра кој ќе го постигне првиот гол, кој играч ќе даде гол на натпреварот.

И во овие игри, главниот збор го имаат Граѓаните. Квотата за најдобриот стрелец во Премиер лигата, Ерлинг Халанд, да го постигне првиот гол е 3.50, да даде гол во текот на натпреварот е 1.65.

Голови се очекуваат и од Хулијан Алварес, за кого квотата да го постигне првиот гол на натпреварот е 5.50, а да се запише во листата на стрелци е 2.50. Според квотите, голови се очекуваат и од Фил Фоден, Ријад Марез, Кевин де Бројне…

Главен адут на Арсенал во отсуство на повредениот Габриел Жесус е Еди Нкетија. Квотата за играчот на Арсенал да го постигне првиот гол е одлична и изнесува 9.50, а да постигне гол во текот на натпреварот е 4.00, да даде најмалку два гола е 8. Опасност за голманот на Граѓаните, Едерсон, ќе претставуваат и Букајо Сака, Габриел Мартинели, Мартин Одегард…

Во богата понуда на игри и опции, може да се игра на бројот на корнери, кој ќе го изведе првиот корнер, кој ќе го добие првиот жолт картон, дали ќе има црвен картон, како и дали ќе има пенал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести