Специјален сингл на Sport Life: За сè се прашуваат лисабонските Орли, Бриж е фаворит само прв да добие црвен картон

Sport Life подготви специјален сингл со доста различни игри за обложувачите и за вториот вечерашен реванш натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите меѓу Бенфика и Бриж. Бенфика ја заврши работата уште во првиот натпревар, победи со 2:0 и вечерва пред своите гледачи на стадионот „Луж“ буквално ќе се прашува за сè.

Квотата за триумф на Бенфика изнесува 1,43 а доколку сметате дека Бриж ќе успее да изненади и да слави, тогаш коефициентот за „двојката“ е 7,50.

Со специјалниот сингл може да се погодува победникот и да се игра кој ќе го постигне првиот гол, кој играч ќе даде гол на натпреварот и тука доминираат играчите на Бенфика.

За играта прв стрелец како и стрелец во текот на натпреварот, првите шест фаворити за да направат такво нешто се играчи на Бенфика. Најмала е квотата за Гонсало Рамош и изнесува 4,00 за да го постигне првиот гол на средбата, а 2,00 е за да се запише во листата на стрелци. Тука е и Рафа Силва за кого квотите се 5,50 и 2,50, па Петар Муса и Гонзасло Гуедеш кои имаат идентични квоти (6,00 и 2,75).

Најголем адут на белгискиот тим е Јутгла Феран за кого квотата да го постигне првиот гол изнесува 12,00, а 5,00 за да постигне гол во текот на натпреварот. Според квотите квотите, голови може да се очекуваат и Јаремчук и Ванакен (13,00 и 5,50).

За Рамош има најмала квота и за играта Бенфика да победи, а тој да постигне гол, и изнесува 2,40. Потоа следува Рафа Силва за кого квотата за идентичната игра е 2,75.

Со специјалниот сингл на Sport Life може да се погодува и резултатот во 15-тата, 30-тата и 60-тата минута. За оние коишто не сакаат многу да чекаат, тука се игрите прв аут, прв корнер, прв жолт картон, прва замена…

Може да одиграте и колку вкупно корнери ќе бидат изведени од двете екипи или посебно за секоја од екипите. Истите игри се и за бројот на жолти картони, офсајди, фаули…

Може да се одигра и на вкупно удари во рамките на голот, како и тоа во кој период ќе биде постигнат првиот погодок.

Во Специјалот има разни игри што не се секојдневни, а можете да одиграте кој ќе тргне прв од центар, кој прв ќе направи измена, ќе добие жолт или црвен картон и пенал.

Бенфика и нејзините фудбалери се фаворити во речиси сите игри, а Бриж е фаворит само во играта прв да заработи црвен картон. Квотата за играч на Бриж прв да биде исклучен изнесува 6,00, додека квотата за Бенфика е 7,00.

Има понуда да се обложувате на број на корнери, начин на кој ќе биде постигнат првиот гол, интервал во кој ќе падне првиот погодок и уште дузина интересни игри и комбинации.

- Оглас -

Најнови вести