Специјали на Sport Life: Поголеми се шансите да има пенал за Бразил отколку за Португалија (Фото)

Во првото коло на Светското првенство, Португалците изведоа пенал, а Бразилците не, но според квотите во Специјалниот сингл на Sport Life, денеска поголеми се шансите шут од белата точка да добијат Кариоките отколку „европските Бразилци“.

Квотата дека на мечот Бразил – Швајцарија ќе има пенал за фаворитот е 3.50, а дека првиот пенал на средбата ќе биде за Бразил, квотата е 3.75. Ако мислите дека првиот гол на мечот ќе биде од пенал, без разлика кој ќе шутира од 11 метри, квотата е 6.50.

Најголеми шанси за прв стрелец им се даваат на Ришарлисон, Габриел Жезус и Винисиус.

Португалија изведе пенал во првото коло против Гана, го реализира Кристијано Роналдо, а квотата дека и денеска ќе има пенал за Португалија, е 4.00. Ако верувате дека Уругвај ќе шутне пенал, квотата е 5.00. За овој меч, квотата дека првиот гол ќе падне со шут со нога е поголема отколку на средбата Бразил – Швајцарија.

Од 14 часот стартува пресметката на Јужна Кореја и Гана, меч на кој на ниту еден тим не му одговара нерешен резултат. Комбинацијата победа на Кореја со гол на Хеунг-мин Сон од Тотенхем е 4.00, а квота од 6.00 носи комбинација победа на Гана со гол на Андре Ају.

Во Специјалниот сингл има многу можности за обложување, ваше е само да направте добра проценка и да предвидите што ќе се случи, без разлика дали тоа ќе биде во првата или во последната минута или некаде во средината на мечот.

- Оглас -

Најнови вести