Специјални покани за Вејд и Новицки за Ол-стар мечот во Шарлот

Двејн Вејд и Дирк Новицки ќе играат на Ол-стар мечот во Шарлот, откако добија специјалн и покани од НБА. Вејд и онака високо котираше со гласовите од навивачите, но отако не се избори за место во стартната петорка на Истокот, не беше избран ниту од тренерите како резерва.

Сепак ќе има шанса по 14. пат да игра со сите ѕвезди во НБА лигата, а еден настап повеќе ќе запише Дирк Новицки, но како резерва на Западот.

Со нив двајца ќе има вкупно 26 кошаркари што ќе имаат можност да играат во Шарлот, а вообичаено е да ги има 24. Место на клупата за резерви ќе има и за Деанџело Расел, кој ќе го замени повредениот Виктор Оладипо.

На 7. февруари капитените Леброн Џејмс и Јанис Адетокумбо во живо со ТВ пренос ќе ги бираат екипите, а Ол-стар мечот ќе се игра на 17. февруари.

- Оглас -

Најнови вести