Шпанецот Чаби Алонсо сезонава се етаблира како еден од најдобрите европски тренери, направи џиновски чекори и резултати, на кои многу негови колеги можат да му позавидат.
Но, ако некој го „помириса“ тренерскиот потенцијал на Чаби, тоа беше Португалецот Жозе Мурињо. Во Белград, во 2019 година, во едно интервју беше прашан кого гледа како свој наследник и имаше пророштво за тренер за коgo мисли дека може да ги поместува границите. А, тогаш Алонсо штотуку почнуваше со тренерски чекори во Б тимот на Реал Сосиедад.
„Чаби Алонсо. Неговиот татко бил тренер, растел со татко тренер. Тој беше врвен фудбалер, многу подобар од мене, се разбира. Неговата позиција на терен и познавањето на играта беа на високо ниво. Играше во Шпанија, Германија и Англија. Го тренирале Гвардиола во Баерн, Анчелоти и јас во Реал Мадрид, Бенитеs во Ливерпул. Кога ќе се собере сето тоа, би рекол дека Чаби Алонсо има шанса да биде многу добар тренер“, рече Мурињо пред пет години.
Кога Чаби седна клупата на Леверкузен во 2022 година, клубот беше во зоната за испаѓање, а сезоната ја заврши на шестото место. Моментно е најдобар тим во Германија и се бори за три трофеи, од кои едниот, оној во Бундеслигата веќе го обезбеди, му остануваат германскиот куп и Лигата на Европа.
Иако го бараат гиганти како Ливерпул и Баерн, а и Реал го гледа како наследник на Анчелоти, Чаби покажува трпение, не сакаше да брза со трансфер и најави дека ќе остане во Баер и следната сезона.
Jose Mourinho on Xabi Alonso in 2019.
Always ahead of the curve.pic.twitter.com/glO3czZLOA
— Dr Yash (@YashRMFC) April 14, 2024