Специјалниот сингл на Sport Life нуди многу можности за типување за мечот Италија – Англија

Италија на домашен терен никогаш не загубила официјален натпревар против Англија, а Sport Life во својот Специјален сингл ви нуди многу игри поврзани со ова дерби од Лига А во Лигата на нациите.

На Англичаните им треба победа бидејќи во спротивно испаѓаат во Лига Б. Последните четири меѓусебни дуели на овие селекции (ако се гледаат само регуларните 90 минути, без продолженија и пенали) завршуваа нерешено. Традицијата е против гостите, но според квотите за конечен тип, тие се фаворити за победа.

Широка е лепезата на игри во Специјалниот сингл, има за секого по нешто.

Може да се обложите која репрезентација прва ќе изведе корнер, а која последна ќе изведе корнер, која ќе има прв жолт и црвен картон или дека нема да имаат жолт и црвен картон. Тука се и игрите за прва замена и прв пенал, а може да вложите пари и дека нема да има пенал.

Што се однесува до стрелците на гол, фаворит за прв стрелец е Хари Кејн, пред Чиро Имобиле и Тами Абрахам. Добри квоти има и за 15-те предложени опции за кандидати да дадат гол кога било во текот на мечот, не мора тоа да биде првиот погодок. Може да се обложите и дека ќе има повеќекратен стрелец, како и дека ќе има автогол.

Среќата може да си ја испробате со игрите број на корнери и време на прв гол. Тука, се разбира, најголеми квоти има дека првиот гол ќе падне во периодот од 81-вата до 90-тата минута и дека ќе има над 22 корнери на мечот.

- Оглас -

Најнови вести