Спинацола: Доаѓам на Вембли, ќе навивам со патериците!

Левиот бек Леонардо Спинацола кој беше еден од најдобрите играчи во италијанската репрезентација на Европското првенство, нема да игра во финалето против Англија, бидејќи има тешка повреда и беше опериран пред неколку дена, но вети дека утревечер ќе биде присутен на „Вембли“ за да им даде поддршка на неговите соиграчи.

„Ќе бидам на Вембли, и со патерици ќе навивам за моите соиграчи. Ако победиме, ќе се симнам долу на терен да славам со соиграчите. Ако треба, и ќе потскокнувам на една нога, иако сопругата постојано ми зборува да внимавам. Оваа репрезентација е како едно големо семејство“ – порача популарниот Спина.

Фудбалерот на Рома ќе паузира повеќе месеци, и вели дека потешко ќе му биде на трибините, отколку ако играл.

„Вака чувствувам поголем притисок. Полесно ќе ми беше ако бев дел од тимот и се подготвував за мечот. Одвај чекам повторно да влезам во тимскиот автобус и да слушам како го скандираат моето име“ – вели Спинацола кој уште е најбрз фудбалер на ЕВРО 2020, со спринт од 33,8 километри на час.

- Оглас -

Најнови вести