Спировски: И на Кипар ќе се навива за Македонија на Европското првенство

Стефан Спировски изјави дека сите македонски репрезентативци со нетрпение го очекуваат почетокот на Европското првенство, и дека кај нив има само позитивна трема.

„Сите собири на репрезентацијата се релативно исти, нема некој притисок што сега се собраме за ЕП. Прв настап за сите нас е на голем настан, со нетрпение го очекуваме, но нема посебен притисок. Веруваме во себе и спремни сме да ја израдуваме нацијата. Одиме чекор по чекор и со малку среќа, зошто да не ја поминеме групата. Одговорност има, трема само позитивна, со нетрпение го очекуваме првиот дуел, мислам дека ќе уживаме на натпреварите, сакам да се вратиме задоволни и радосни. Чест ми е што сум дел од оваа репрезентација, одговорност имаме што ќе ја претставуваме Македонија на ЕП. И моите соиграчи од АЕК се горди што јас и Иван Тричковски ќе го претствуваме клубот, мислам дека досега немале претставник на големо натпреварување, така што и на Кипар ќе се навива за Македонија“ – вели Стефан Спировски

„Возбудата е голема, во 2017 настапив на ЕП со младата селекција, сега е нешто друго. Се надеваме на голем успех, тренираме напорно, крајот го краси делото, ќе видиме на крај. Секој може да победи секого, и ние на секој меч ќе одиме на победа. Се надевам дека ќе стигнеме и до финале, наше е да работиме, а останатото ќе дојде. Мотивацијата е голема, желбата е огромна, и дека тоа ќе ни донесе успеси. Ја чувствуваме поддршката, голема е заинтересираноста, би сакал да ги израдуваме навивачите, тие се наш 12-ти играч, го очекуваме во што поголем број. Веруваме дека ќе гинеме за светиот дрес“ – рече Даниел Аврамовски.

- Оглас -

Најнови вести